Утрински Весник
Свет

Емиратите разгледуваат строги мерки за ограничување на движењето на невакцинираните лица

Емиратите разгледуваат строги мерки за ограничување на движењето на невакцинираните лица
Dik 300x250 mk

Властите во Обединетите Арапски Емирати предупредија денес дека можат да воведат ограничувања за луѓето кои не биле вакцинирани против Ковид-19.

Земјата со околу девет милиони жители, која ја прошири кампањата за вакцинација на лица на возраст од 16 години и постари, вакцинираше околу 65 проценти од населението, објави Националната агенција за управување со вонредни состојби на Емиратите (НЦЕМА), пренесува „Ројтерс“.

„Се разгледуваат строги мерки за ограничување на движењето на невакцинирани лица и за спроведување  превентивни мерки, како што е забрана за влез на одредени места и пристап до одредени услуги“, изјави портпаролот на НЦЕМА, Саиф Ал Дахери. „Вашето двоумење денес е пречка за нашите цели, и тоа е нешто што ги става во опасност вашето семејство, најблиски и заедницата.“

Емиратите вчера објавија 1.903 случаи на новозаболени лица, поради што вкупниот број на заболени се искачи на 500.860 случаи, а регистрирани се и 1.559 смртни случаи.

ОАЕ, каде што се задолжителни мерките за социјално дистанцирање и носењето маски на јавно место, е меѓу земјите со најбрзи програми за вакцинација против Ковид-19.

Властите во Абу Даби најавија дека сега покрај кинеската вакцина на „Синофарм“ ќе понудат и вакцина на „Фајзер-Бионтек“. Емиратот Дубаи веќе ја понуди вакцината на „Фајзер“, како и вакцината на „Астразенека“.

 

Можете да прочитате

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари

Најмалку седум загинати при уривање на карго-авион на „ЈупиЕс“ во Кентаки