Утрински Весник
Свет

Словенија: Луѓето кои прележале коронавирус ќе примат само една доза вакцина

Словенија: Луѓето кои прележале коронавирус ќе примат само една доза вакцина

Според најновата стратегија за вакцинација издадена од словенечката влада, луѓето кои се заразиле со коронавирус, ќе добијат само една доза од вакцината против Ковид-19, додека оние кои се заразиле по првата доза, ќе ја добијат втората доза шест месеци по закрепнувањето.

Според таа стратегија, вакцините сега се достапни за родители на деца од ранливи групи и хронично болни деца.

Во исто време, во Словенија продолжува вакцинацијата на лица над 60 години и хронични пациенти над 18 години. Во употреба се вакцините на три различни производители – „Фајзер“, „Модерна“ и „Астра зенека“, кои се даваат во две дози на оние кои не се заразиле со коронавирус.

Можете да прочитате

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО

Институт за проучување на војна: Русија, Кина и Северна Кореја не му помогнаа на Иран во војната со Израел

Фидан: Поддршката за „геноциден Израел“ не е во ничија корист