Утрински Весник
Магазин

(Видео) Анимираната антологија „Љубов, смрт и роботи“ се враќа овој мај

(Видео) Анимираната антологија „Љубов, смрт и роботи“ се враќа овој мај

„Нетфликс“ го најави датумот за втората сезона на „Љубов, смрт и роботи“, колекција од анимирни кратки приказни што опфаќаат повеќе жанрови, од научна фантастика и фантазија до хорор и комедија.

Серијата беше брутална и извртена, но истовремено предизвикуваше размислување. Емотивна и хумористична, таа нудеше разновидно експериментално искуство за гледачите.

Се чини дека ништо од тоа нема да се смени во втората сезона, бидејќи нејзиниот трејлер открива нови чудовишта, дистописки терор и гротескни манифестации.

Продолжението на анимираната антологија на NSFW ќе се врати на „Нетфликс“ на 14 мај во серија од осум епизоди што опфаќаат жанрови на научна фантастика, фантазија, хорор и комедија.

Содржината наведена од „Нетфликс“ гласи: „Анимираната антологија на NSFW се враќа со одмазда. Голите џинови, божиќните демони и роботи подивеа. Конзумирајте неодговорно.“

https://www.youtube.com/watch?v=Gj2iCJkp6Ko

Можете да прочитате

Најголемиот град во светот има 73 милиони жители, а многумина не слушнале за него

Третина јапонски компании користат или размислуваат за воведување на ВИ роботи

„Балкан експлорер“ – луксузен воз што ги воодушеви Европа и Балканот