Утрински Весник
Спорт

Домино-ефектот продолжува – Вудворд си даде оставка, Јунајтед се повлекува?

Домино-ефектот продолжува – Вудворд си даде оставка, Јунајтед се повлекува?

Ед Вудворд, извршниот директор на Манчестер јунајтед, си поднел оставка во првиот чин, кој изгледа го најавува и заминувањето на „ѓаволите“ од европската Суперлига продолжувајќи го домино-ефектот, кој наводно веќе донесе откажување на Манчестер сити и Челси од елитниот проект и многу сомнежи за учеството на Барселона и Атлетико Мадрид.

Вудворд, според извештаите, беше еден од идеолозите на Суперлигата заедно со првите луѓе на Реал Мадрид и на Јувентус, Флорентино Перез и Андреа Ањели.

За навивачите на Јунајтед, пак, Вудворд беше омразен лик, особено бидејќи зад себе немаше фудбалско педигре, туку по професија е банкар. Претходно, шпекулациите велеа дека капитенот Хери Мегваер и Лук Шо влегле во конфликт со него за влегувањето во Суперлигата, а Маркус Рашфорд денеска ја сподели фразата на сер Мат Базби: „Фудбалот е ништо без фановите“.

> Домино-ефектот продолжува – Вудворд си даде оставка, Јунајтед се повлекува? <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина