Утрински Весник
Македонија

Затвореници од штипскиот затвор подигале кредити со податоци на охриѓанец кој го довеле во заблуда

Затвореници од штипскиот затвор подигале кредити со податоци на охриѓанец кој го довеле во заблуда

Охридската полиција поднесе кривична пријава против штипјанец П.С.(30) и П.Т.(41) од Свети Николе поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Како што информираат од СВР Охрид, пријавените во текот на ноември и декември 2020 година, додека издржувале затворски казни во штипскиот затвор, оствариле контакт со жител од Охрид и доведувајќи го во заблуда ги обезбедиле неговите лични податоци и документи.

Подоцна, со тие податоци подигнале брзи кредити од неколку финансиски друштва, а примопредавањето на парите го вршеле преку посредник.

На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 100.000 денари.

Можете да прочитате

Претреси на пет локации во Скопје: Нови осомничени во случајот со нелегалните ботокси

Користел викенд од Идризово, па завршил со ново апсење

Чувар унапреден, платата му скокнала од 50.000 на 100.000 денари – Кривична за Управниот одбор на М-НАВ