Утрински Весник
Македонија

Пендаровски на средба со началникот на ГШ на Романија: Со членството во НАТО се отвораат нови можности

Пендаровски на средба со началникот на ГШ на Романија:  Со членството во НАТО се отвораат нови можности

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал-потполковник Даниел Петреску, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка помеѓу двете армии и констатираа дека со членството на Северна Македонија во НАТО се отворени и нови можности за проширување на партнерството, велат од кабинетот на Пендаровски.

Била истакната и важноста од продолжување и развој на билатералната соработка во областа на одбраната, како и одржување на постојан и динамичен политичко-воен дијалог меѓу двете држави.

На средбата биле разменети информации и мислења за придонесите на армиите во двете земји во справувањето со пандемијата предизвикана од Корона вирусот.

Исто така станало збор и за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, особено за соработката во одбраната која опфаќа посети на високо ниво, експертски средби во областите на одбранбеното право, логистиката и разузнавањето, обуки, курсеви, учество на вежбовни активности, како и стручни оспособувања во воено-образовните центри во Романија.

Можете да прочитате

Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

ЦУК: Активни 4 пожари, под контрола 7 и 19 изгаснати

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност”