Утрински Весник
Македонија

Глоба од 2000 евра за скопјанец кој го прекршил полицискиот час

23 лица ја прекршиле забраната за движење

Поради прекршување на полицискиот час скопјанец казнет со 2000 евра, информира министерството за внатрешни работи.

Од таму појаснуваат дека скопското обвинителство поднело предлог за издавање казнен налог против едно лице заради кривично дело- непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниво по Кривичниот законик.

Обвинетиот 22-годишник постапил спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на ширењето на заразна болест.

Тој на 11 април, за време на важечкиот полициски час, бил затекнат како се движи по улицата „Аугуст Цезарец“ во Скопје без да поседува дозвола за тоа.

Јавниот обвинител му предложи на Судот за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​

Можете да прочитате

Родители на загинатите во Кочани: „Мицкоски ни рече да си ставиме цена на децата!“

(Фото) Камион вечерва гори на автопатот Скопје – Тетово

(Фото) Камион вечерва гори на автопатот Скопје – Тетово