Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Опозицијата продолжува со своите блокади и деструктивно однесување

СДСМ: Опозицијата продолжува со своите блокади и деструктивно однесување

Соопштение на СДСМ

„Продолжува помошта кон работниците и компаниите, поразени се деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ.

Започнува реализацијата на мерките од петтиот пакет за справување со последиците од коронакризата, откако по двомесечна блокада од страна на опозицијата Собранието ги донесе измените и дополнувањата на законите.

Овие денови почнува исплатата на финансиската поддршка за исплата на плати за февруари и март, која опфаќа 60.000 работни места, а обезбедена е и поддршка за самостојните вршители на дејност и за регистрираните занаетчии.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ стави крај на уцените од парламентарната опозиција, обезбеди кворум и повторно го порази деструктивното, ненародно дејствување на опозицијата.

Пропаднаа сите нивни обиди народот да остане без помошта што е обезбедена од Владата, пропаднаа нивните обиди Собранието да биде нефункционално и закочено.

Меѓутоа, опозицијата продолжува со своите блокади и деструктивно однесување и ја откажа седницата на собраниската комисија за финансирање и буџет, на која требаше да се разгледува уште еден закон од интерес на работниците.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ покажа колку се грижи за работниците, за компаниите и за економијата.

Разликата е очигледна, додека парламентарното мнозинство во секакви околности и на секаков начин работи за граѓаните, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на секој начин работи против интересите на граѓаните, на државата, на економијата.

Затоа шест пати се казнети на сите избори во последните четири години, затоа ќе бидат поразени и на следните избори и уште долго ќе останат во опозиција“.

Можете да прочитате

Градоначалниците на Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат Меморандум за соработка за Преспанскиот басен

Наутро магла и облачност, попладне дожд

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста