Утрински Весник
Свет

Почина Волтер Мондејл, потпретседател на САД под водство на Џими Картер

Почина Волтер Мондејл, потпретседател на САД под водство на Џими Картер

Поранешниот американски потпретседател Валтер Мондејл почина на 93-годишна возраст во Минеаполис, во американската држава Минесота, соопшти неговото семејство.

Мондејл беше потпретседател од 1977 до 1981 година, во администрацијата на демократскиот претседател на Џими Картер, кој рече дека го смета за најдобар потпретседател во историјата на Соединетите Американски Држави.

Би-Би-Си јавува дека претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден по повод смртта на Мондејл изјавиле дека се горди што можат да го наречат еден од најголемите патриоти и официјални лица на САД и свој драг пријател и ментор.

Мондејл исто така беше претседателски кандидат на Демократската партија на изборите во 1984 година, но претрпе тежок пораз од Роналд Реган, бидејќи ја доби поддршката само од неговата матична држава Минесота и Вашингтон, односно 13 изборни гласа во споредба со рекордните 525 за Реган.

Тој ќе остане запаметен и по тоа што во неговата кампања ја номинираше Џералдин Фераро од Њујорк, која со тоа стана првата жена кандидат за позицијата потпретседател на Соединетите држави.

Можете да прочитате

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси