Во напад со нож на верници во џамија во Тирана, кој се случи денес, повредени се пет лица, соопшти полицијата.
Во соопштението се наведува дека 34-годишниот напаѓач Рудолф Никољи е уапсен.
Нападот се случил околу 14:30 часот за време на молитвата во џамијата Дине Хоџа во улицата Каваја, во центарот на Тирана.
Повредените лица, на возраст од 22 до 35 години, се префрлени во болница.
Мотивот на нападот не е утврден, а истрагата е во тек.
Имамот на џамијата Дине Хоџа, Ахмед Калаја, кажа дека се надева дека денешниот напад не бил терористички чин.