Утрински Весник
Свет

Грета Тунберг донира 100 илјади евра за праведна распределба на вакцините

Грета Тунберг донира 100 илјади евра за праведна распределба на вакцините

Шведска активистка за климата, Грета Тунберг (18), најави дека ќе донира 100.000 евра за поправедна дистрибуција на вакцините против Ковид-19.

Средствата се наменети за „Ковакс“ механизмот на Светската здравствена организација (СЗО), за обезбедување еднаков пристап до вакцините против Ковид-19 за земјите во развој, рече Тунберг на прес-конференција со шефот на СЗО, Тедрос Гебрејсус.

„Меѓународната заедница мора да стори повеќе за да се реши трагедијата со нееднаква дистрибуција на вакцини (…), зашто, како во случајот со климатската криза, и тука прво мора да им помогнеме на најранливите“, рече шведската активиста.

Според СЗО, во многу богати земји, едно од четири лица ја примило првата доза на вакцина против Ковид-19, а во посиромашните земји, едно од 500 лица.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина