Утрински Весник
Македонија

Филипче: Младиот Иле заздравува по трансплантацијата на срце

Филипче: Младиот Иле заздравува по трансплантацијата на срце

Министерот за здравство Венко Филипче, на социјалните мрежи објави фотографија од Иле Стрезовски, на кој му беше извршена трансплантација на срце.

Според министерот, Иле полека заздравува.

Неполни два дена по операцијата која му го спаси животот, младиот Иле полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија….

Posted by Венко Филипче on Понеделник, 19 април 2021

„Неполни два дена по операцијата која му го спаси животот, младиот Иле полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија. Бескрајно благодарен на тимот на лекари кои помогнаа да добие нова шанса за живот и пред се на семејството на младата девојка чие срце денес чука во неговите гради. Му посакувам што поскоро да закрепне и да се врати дома кај неговото семејство“, напиша Филипче на „Фејсбук“.

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Шумската мафија заработува огромни пари, без корупција во институциите овој криминал не може да опстои

Малиш Саздовска: Затворите наместо да ги поправат осудениците, можат да ги претворат во уште поголеми криминалци

Малиш Саздовска: Терористичките организации регрутираат млади преку интернет, повратниците од воиштата се сериозен безбедносен ризик