Утрински Весник
Македонија

Мерки на претпазливост за две лица за случајот со набавката на софтвер

Кривичниот суд за сообраќајката кај „Млечен“: Целосно неетички е да се коментира првостепена пресуда

Денеска во Кривичниот суд беа повикани пред судија на претходна постапка да се произнесат две лица опфатени со истрагата за набавка на софтвер.

„ По нивно сослушување како и ценење на предлогот, судијата на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените им определи мерки на претпазливост согласно член 146 ст.1 т. 1, 2, 3 и 7 односно, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување пред службено лице во судот или друг надлежен орган, Повремено одземање на патната исправа и забрана за издавање на нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница и Забрана за преземање работни активности поврзани со кривичното дело“ соопшти судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Можете да прочитате

Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2 денари и иста цена или минимално покачување на дизелот

Мицкоски: Бројките од анкетите не мотивираат дополнително да работиме

Душица Мрѓа за Кочани: Мицковски и Филипче ја саботираат Анкетната за кочани