Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер од Тетовско за издржување на затворска казна

Приведен дилер од Тетовско за издржување на затворска казна

34-годишен тетовец е приведен денеска заради издржување на три и полгодишна затворска казна.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска околу 12:20 часот на улица Маршал Тито во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот А.А. од тетовско Шемшово, осуден на три и полгодишна затворска казна за сторено кривично дело невовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори, казниво по Кривичниот законик.

Според надлежните по приведувањето, реализирано со судска наредба, А.А. ќе биде спроведен во затворот „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

Можете да прочитате

Мециновиќ до Божиновска: Колкав е долгот на ЕСМ и дали се подготвувате да го приватизирате? 

Амбасадорот на Турција во честитачка посета кај градоначалникот Лимани – сигнал за зајакнување на соработката со Гостивар

ССМ во среда излегува на протест за поголеми плати