Утрински Весник
Свет

Висок претставник во БиХ предупредува за нон-пејперот: Не отворајте ја Пандорината кутија

Висок претставник во БиХ предупредува за нон-пејперот: Не отворајте ја Пандорината кутија

Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко, го коментираше појавувањето на нон-пејперот за Балканот и предупреди на опасноста од распад на Босна.

„Никој не смее да ја отвори Пандорината кутија. Не дозволувајте тоа да се случи”, рече Инцко во изјавата за австрискиот дневен весник „Клајн цајтунг“.

Тој исто така рече дека големи поместувања на границите може да имаат далекосежни тешки последици.

За него, вели тој, ситуацијата е јасна, а тоа е дека распадот или излегувањето од државата БиХ не е можно.

„Никогаш не би потпишал такво нешто“, рече тој.

Според него, на БиХ и треба подолгорочен пристап, бидејќи и е потребно време за да закрепне од војната и од стотиците илјади убиени.

Можете да прочитате

Британската влада размислува за забрана на социјалните медиуми за тинејџерите, по примерот на Австралија

Норвешка ги предупреди своите граѓани дека во случај на војна со Русија ќе конфискува приватен имот

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште