Турција го одобри производството на руската вакцина „спутник В“, објавија турските медиуми, цитирајќи член на научно советодавно тело против коронавирус.
„Турција го направи истражувањето и компанијата што учествуваше даде дозвола“, рече Кајимпаз, цитиран од Тасс.
Според членот на кризниот штаб на Афсин, Емре Кајимпаз, вакцината „спутник В“ ќе чини околу 10 американски долари, што е приближно слична на цената на дозата на кинескиот „Синовак“.
„Иако цените се слични, домашното производство ќе ја исклучи зависноста од надворешни фактори“, рече Кајимпаз.
На 23 јануари рускиот фонд за директни инвестиции преку својот портпарол соопшти дека е постигнат договор со водечка турска фармацевтска компанија во врска со производството на „спутник В“ во Турција, а подоцна започна трансферот на технолошката опрема.
„Спутник В“ веќе е одобрен во 60 земји со вкупно население од над 1,5 милијарди луѓе, а повеќе од 30 земји започнаа кампањи за вакцинација користејќи ја оваа вакцина.