Утрински Весник
Свет

Велика Британија започнува ново истражување: Поранешни пациенти повторно ќе бидат заразени со коронавирус

Велика Британија започнува ново истражување: Поранешни пациенти повторно ќе бидат заразени со коронавирус

Британски научници денес започнаа тест со кој поранешните пациенти со Ковид-19 повторно ќе бидат изложени на коронавирусот, со цел да се испита имунолошкиот одговор и да се види дали луѓето ќе бидат повторно инфицирани, објави „Ројтерс“.

Во февруари, Велика Британи стана првата земја во светот што спроведе испитувања врз луѓе поради Ковид-19, како во случајот кога волонтерите беа намерно изложени на коронавирусот за да помогнат во борбата против оваа болест.

Тестирањето, кое започна денес, се разликува од тоа спроведено во февруари и има за цел да види дали луѓето повторно ќе се заразат, што може да им овозможи на научниците подобро да го разберат имунитетот. Научниците веруваат дека е поефикасно да се изложат поранешните пациенти на корона отколку да се заразат луѓе кои немале Ковид-19.

„Информациите од ова истражување ќе ни овозможат да развиеме подобри вакцини и начини на лекување, но и да разбереме дали луѓето се заштитени по вирусот и колку“, рече вакцинологот и раководител на истражување од Универзитетот „Оксфорд“, Хелен Мекшејн.

Таа додаде дека истражувањето ќе им помогне на научниците да го разберат имунолошкиот одговор кој штити од реинфекција.

„Ројтерс“ додава дека научниците со децении користеле луѓе за тестови за да дознаат повеќе за маларија, грип, тифус и колера и да развиваат лекови и вакцини против овие болести.

Во првата фаза од студијата, на половина од волонтерите ќе им биде дадена најмалата доза на корона неопходна за реплицирање на вирусот, и се очекува да не развијат симптоми или да бидат благи.

Во втората фаза, која започнува на лето, другите волонтери ќе бидат заразени со „стандардната доза“.

Во фаза една, до 64 здрави учесници во тестот, на возраст од 18 до 30 години, кои биле заразени со Ковид-19 пред најмалку три месеци, ќе бидат заразени со оригиналниот вид САРС-КоВ-2.
Потоа ќе бидат ставени во карантин најмалку 17 дена и ќе бидат надгледувани, а доколку некој развие симптоми, тие ќе бидат третирани со моногени антитела Регенерон.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно