Утрински Весник
Свет

На 116 години почина најстарата Американка

На 116 години почина најстарата Американка

Американкaта Хестер Форд, почина во саботата на 116 години, објави нејзиното семејство на социјалните мрежи.

Форд која е родена во Јужна Каролина – 1905 или 1904 година, израснала на фарма за памук, каде што работела како земјоделка, а потоа и како дадилка.  Групата за геронтолошки истражувања во САД во 2019 година ја призна Хестер како најстара Американка.

Родена околу 40 години по укинувањето на ропството, Форд ја искусила сегрегацијата, која заврши во 1960-тите. Ја преживеала и пандемијата на шпанскиот грип.

Имала 12 деца, 48 внуци, околу сто правнуци и приближно ист број праправнуци.

Причината за смртта засега е непозната.

Можете да прочитате

Руски напади во близина на Киев за време на посетата на Вадефул

Иран дозволил премин на ирачки танкери со нафта низ Ормуската Теснина

Војната во Иран ги притиска рафинериите, цените на горивата би можеле да останат високи со години