Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Атлетико му „пукна петарда“ на Еибар, Севилја триумфално во Сан Себастијан

Атлетико му „пукна петарда“ на Еибар, Севилја триумфално во Сан Себастијан
300x250 opst2

Во висок стил лидерот во Ла Лига, мадридски Атлетико славеше на денешниот меч од 30 коло против Еибар. „Јорганџиите“ на Симеоне со 5-0 го совладаа немоќниот противник и се одлепија на врвот на табелата.

Анхел Кореа и Маркос Љоренте со по два гола во мрежата на Дмитровиќ се творците на успехот.

На истекот на првото полувреме, во 42 и 44 минута Кореа беше стрелец на двата погодока за комотно водство по првиот дел.

На почетокот на вториот дел Караско во 49 погоди за 3-0, а до крајот Љоренте со двата погодока во 53 и 68 минута ја запечати судбината на „фенерџијата“ кој грчевито се бори за опстанок во елитната конкуренција.

Со трите бода пулените на Чоло Симеоне сега се на +4 пред Реал Мадрид (вечерва од 21 часот „Кралевите“ гостуваат кај Хетафе) и +5 пред Барса која за 4 дена го пречекува токму Хетафе.

Во останатите неделни мечеви во Ла Лига кои завршија досега Алавес со 1-0 славеше против Уеска, Реал Сосиедад со 1-2 беше поразен од Севилја, а Осасуна со 2-0 беше подобра од Елче.

> Атлетико му „пукна петарда“ на Еибар, Севилја триумфално во Сан Себастијан <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица