Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митрески: Не дозволуваме уцени, законите за петтиот пакет мерки ќе бидат донесени

(Видео) Митрески: Да им помогнеме на граѓаните и компаниите да ги донесеме законите за петтиот пакет мерки

Денеска пратениците од парламентарното мнозинство кои се позитивни на коронавирус, со сета заштитна опрема и според протоколите на Комисијата за заразни болести се тука со нас за да обезбедиме кворум и потребно мнозинство за Собранието да работи фунцкионално и ефикасно, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

„ Нема да дозволиме уцени, наша должност како пратеници е да служиме на народот и во добро и во лошо. Опозицијата направи непромислени чекори против сопствениот народ и затоа со нив или без нив денес владеачкото мнозинство ќе ја изгласа помошта за граѓаните. Една милијарда и 920 милиони денари поддршка за плати за месеците февруари и март 2021 година од утре ќе почнат да стигаат кај граѓаните, на голема жалост за опозицијата“ рече Митрески.

Тој нагласи дека помошта ја обезбедиле, сега и ќе ја испорачаат.

„ На денешната седница ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании. Законите кои ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата со месеци свесно и намерно ги блокираа. Граѓаните, компаниите, ниту час повеќе не смеат да останат без помошта што им следува“ истакна Митрески.

Можете да прочитате

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, уапсени пет лица

Од почетокот на системот Безбеден град евидентирани се 310.865 прекршоци, 180.378 се за возила со странски регистарски ознаки 

Нема штета, нема утврдено загадување, има милионски профит – што остана од „Мазут“?