Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицевски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собрание и ќе обезбедат кворум за гласање на 5. пакет на мерки

(Видео) Мицевски: СДСМ на сила го истурка законот за попис, наместо статистичка ова ќе биде политичка операција
300x250 opst2

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес-конференција го обвини владеачкото мнозинство дека работи на штета на граѓаните и економијата во време на пандемија. Тој рече дека 5от пакет мерки трпи заради тврдоглавоста на власта.

„ 5от пакет на мерки ќе беше изгласан уште во четвртокот доколку не беше инаетот на власта, а сега компаниите ќе ги имаа парите. Џафери и Заев намерно ги кочеа мерките“ изјави Мицевски.

Тој нагласи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска се во Собранието и дека ќе обезбедат кворум за 36. седница за гласање на 5от пакет на мерки, за помош кон стопанството.

„ Стопанствениците два месеци чекаат помош од власта, која работи на нивна штета. Петтиот пакет на мерки помина на влада на 16 февруари, во собрание беше на 19 февруари. Од тогаш до денес поминаа 2 месеци. Заев имаше кворум кога сам си бараше доверба за владата и можеше да ги изгласа мерките, тој тоа не го направи. Не го направи затоа што тој е кочничар, и сака да создава атмосфера дека некој друг кочи. Го повикуваме Талат Џафери денес да ја отпочне 36 седница, за таа веднаш да биде изгласана и парите да стигнат кај граѓаните“ додаде тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ дополнително го повикуваат Џафери, да организира таканаречени КОВИД седници на кои ќе бидат само на дневен ред точките и законските решенија потребни за справување со пандемијата.

„ Врзување на нужноста за справување со пандемијата со закони кои само Заев знае зошто ги турка е безобразие и мора да престане. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде злоупотребена и да обезбедува кворум за закони кои што не се во интерес на граѓаните туку единствено би служеле на криминалните афери на СДСМ и ДУИ и токму затоа кажавме неколку пати дека поддршка ќе дадеме само на законите поврзани со јавното здравје“ порача Мицевски.

Можете да прочитате

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја

ТОШКОВСКИ: Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото, не се бришат со папагалско повторување на зборот “оставка“