Утрински Весник
Свет
Img 7972

Продаден автопортрет на Едвард Сноуден за 5,5 милиони долари

Продаден автопортрет на Едвард Сноуден за 5,5 милиони долари
Img 7972

Едвард Сноуден собра милиони долари од продажбата на дигитална уметност за неговата новинарска фондација.

Автопортретот на 37-годишникот, создаден од страниците на американските судски документи, беше продаден на аукција за крипто-валутата Етериум, вреден околу 5,5 милиони долари.

Сноуден преку Твитер им се заблагодари на понудувачите. Приходите се наменети за фондацијата „Слобода на печатот“, која тој ја води од 2017 година.

Сноуден, кој претходно работеше за Националната агенција за безбедност на САД (НСА), ги обелодени обемните шпионски активности на американската влада пред да избега од САД. Прво во Хонг Конг, а потоа во Русија, каде и денес живее.

Тој беше обвинет во САД за загрозување на националната безбедност.

Правните документи користени за портретот на Сноуден се од судска одлука, со која беше прогласено за незаконско НСА да собира телефонски податоци во својата земја.

Сноуден ја продаде работата како НФТ – незаменлив дигитален токен. НФТ е дигитален објект, како што е цртеж, музика, фотографија или видео, со сертификат за автентичност креиран од блокчејн технологијата, кој станува сè попопуларен.

Автентичноста зад компјутерските мрежи се смета за непробојна. Виртуелна ставка, што е всушност компјутерски запис, може да се продаде или размени со потврда за автентичност.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија