Утрински Весник
Македонија

Утре променливо облачно време, попладне дожд

Утре променливо облачно време, попладне дожд

Времето утре ќе биде умерено до значително облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, во горниот тек на Повардарието северен, а во јужните делови источен и југоисточен ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната од 11 до 17 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 15 степени.

Под влијание на влажна воздушна маса од утре кон крајот на денот и во наредните денови следува период на пооблачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Најоблачно и најврнежливо ќе биде во сабота и во понеделник, кога на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Можете да прочитате

Го убил татко му па лажел дека паднал во бањата, уапсен млад гостиварец

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

СДСМ: Дали по поразот може и Орбан заедно со Груевски да дојде во Македонија?