Утрински Весник
Свет

Објавен „нон-пејперот“ што го потресе регионот: Предлози за нови граници на Балканот

Објавен „нон-пејперот“ што го потресе регионот: Предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави „нон-пејперот“, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија.

Документот, кој крена прашина во регионот во последните денови, зборува за идеи за распарчување на Босна и Херцеговина, припојување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија, а се шпекулира дека словенечкиот претседател Јанез Јанша го испратил „нон-пејперот“ до Брисел.

Никој официјално не потврди дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, добил документ со таква содржина од Словенија. Но, неофицијален дипломатски документ што предвидува распад на Босна и Херцеговина, припојување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија, всушност постои, пишува „Нецензурирано“.

Според информациите на словенечкиот портал, документот под наслов „Западен Балкан – патот напред“ бил примен од кабинетот на Шарл Мишел во февруари.

Кој го напишал не може официјално да се знае. Според словенечките новинари, тоа сигурно не било напишано во словенечкото Министерство за надворешни работи.

Според некои информации, дел од неговата содржина може да биде напишана во Будимпешта. Меѓутоа, во дипломатските кругови во Брисел, тој се нарекува „словенечки“ документ, бидејќи кабинетот на Јанша наводно учествувал во испраќањето на разни адреси.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени