Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед тргнаа по потписот на Варан

Манчестер јунајтед тргнаа по потписот на Варан

Фудбалерот на Реал Мадрид, Рафаел Варан, кариерата би можел да ја продолжи во Манчестер јунајтед. Варан покажал желба да замине од мадрид, а Јунајтед бараат партнер во одбраната за Хари Мегваер.

Реал, се свесни дека ќе останат без Варан и за него одредиле цена од 65 милиони евра. Јунајтед ќе се обидат да платат помалку, сопред „Дејли Мејл“, тие биле подготвени да платат 50 милиони евра за Варан.

Варан цела деценија е играч на Реал. Со клубот ги освоил сите клупски трофеи, а со Франција во 2018 стана светски првак.

> Манчестер јунајтед тргнаа по потписот на Варан <

Можете да прочитате

Шкендија против Самсунспор во нокаут фазата на Лигата на Конференции

Легендата на светското пливање се бори со депресија

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026