Утрински Весник
Македонија

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна.

Смолвуд за РТС изјави дека тоа што болниците се пренаменуваат за пациенти со Ковид-19, значи дека другите видови медицински услуги се нарушени и одложени, што сугерира на фактот дека системот ќе биде оптоварен и во иднина.

„Тоа значи дека треба да ги примениме сите мерки, без чекање, за да се намали стапката на зараза“. вели таа.

Како што додаде, СЗО внимателно ги следи мутациите.

„Можно е ефикасноста на некои вакцини да е помала во случаите со мутациите, но тоа не значи дека не функционира“, рече Смолвуд.

Можете да прочитате

Левица: Успешен филибастер во Советот на Скопје- Левица ги враќа правата на опозицијата одземени од Вмровски резим 

Клековски: Со 35 евра месечно не може европско здравство

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога