Утрински Весник
Спорт

Нејмар за провокацијата до Кимих: Судбината го стави блиску до нас

Нејмар за провокацијата до Кимих: Судбината го стави блиску до нас

Нејмар тврди дека немал намера да го „провоцира“ Џошуа Кимих по вчерашниот натпревар помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен, но дека „судбината“ така сакала, откако дел од фановите сметаа дека прославата беше потценувачка.

ПСЖ загуби со 0:1 дома, но влезе во полуфиналето на ЛШ по 3:2 победата во Минхен, а во интересниот момент по крајот на мечот, Нејмар и Лео Паредес славеа пред Кимих во негов стил.

„Прославата не беше обид да се провоцира Кимих, но го видов Лео и сакав да прославам со него. Судбината сакаше да го направиме тоа пред Кимих, кој претходно изјави дека неговиот тим е најдобар и дека сигурно се во полуфинале. Но, можете да ја имате топка цела вечер. Можеш да флертуваш со девојката цела вечер, а потоа некој друг да ја однесе дома по пет минути“, објасни Нејмар за „Л’Екип“.

> Нејмар за провокацијата до Кимих: Судбината го стави блиску до нас <

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство