Утрински Весник
Македонија

Преку соработка меѓу Агенцијата за храна и АВМУ, потрошувачите ќе се штитат од измама со храна

Преку соработка меѓу Агенцијата за храна и АВМУ, потрошувачите ќе се штитат од измама со храна

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за храна и ветеринарство денеска потпишаа Меморандум за соработка, во врска со рекламирање, телешопинг, пласирање производи и спонзорство за храна и додатоци во исхрана во програмите на радијата и телевизиите, особено во поглед на здравствените и нутритивни тврдења, за тврдењата за намалување на ризикот од болест и за измамите поврзани со храна.

Целта на потпишувањето на Меморандумот е да се заштитат здравјето и интересите на потрошувачите и граѓаните да имаат можност да направат личен и правилен избор врз основа на вистинити и чесни информации. Имајќи ја предвид ранливоста на најмладите, посебен фокус ќе биде ставен на аудио и аудиовизуелните комерцијални комуникации што се составен дел или ги придружуваат емисиите за деца, а кои содржат масти, заситени масни киселини, сол/натриум и шеќери, чие прекумерно внесување во вкупната исхрана не е препорачливо.

„Размената на информации меѓу двете агенции ќе биде во функција на доследно почитување на законски пропишаните правила и стандарди за комерцијални комуникации кои се однесуваат на храна и додатоци во исхраната“, посочи директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски.

„Преку договорената соработка, во рамки на националната регулатива која се однесува на оваа област, денес, заедно со АВМУ, пред потрошувачите, институциите и бизнис заедницата ги поставивме основите за одговор на современите барања за рекламирање на оваа категорија производи, што ќе биде гаранција дека на пазарот се нуди максимално безбедна храна и додатоци во исхраната, а потрошувачите не се доведуваат во заблуда и измама од страна на операторите“, истакна Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Можете да прочитате

Во изминатото деноноќие приведени пет лица од вкупно осум пријави за семејно насилство

Јанев во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол Уркиза

Приведен маж кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка