Утрински Весник
Македонија

Објавен оглас за автори на материјали за учење за прво одделение

Објавен оглас за автори на материјали за учење за прво одделение

Бирото за развој на образование објави оглас за автори/авторски тимови за изработка на материјали за учење согласно наставните програми за прво одделение на новото деветгодишното основно образование.

Од авторите се очекува да имаат искуство во пишување учебници, материјали за учење наставни и дидактички материјали и способност да ги преточат содржините, поимите и активностите од наставните програми за прво одделение во креативни и примамливи материјали за учење соодветни на возраста на учениците, се со цел да се постигнат резултатите од учење определени во секоја тема од наставните програми.

Како што се наведува од бирото, сите содржини во материјалите за учење да ги базираат на современи, научно засновани и релевантни сознанија, а сите примери и активности да бидат креирани на начин да се интересни за учениците и да се во релација со нивните искуства.

Носител на процесот е Бирото за развој на образованието кое ќе дава насоки за да се обезбеди унифициран стил и квалитет на материјалите за образување на нови отворени, компетентни и демократски генерации.

Можете да прочитате

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви

24 сторија: Самохрана мајка без редовни приходи мора да плати приватна хоспитализација на нејзиниот татко поради немање државјанство