Утрински Весник
Македонија

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Филипче: Граѓаните мора да прифатат дека ваквата реалност ќе трае подолго од што се очекуваше

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Бројот на новозаразени од коронавирус како што рече тој е околу 1000 лица, што според него потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад.

„Тоа значи дека мерките во рамките на предвидувањата ги даваат своите резултати“, изјави Филипче.

Тој посочи дека притисокот во болниците е се уште голем со оглед на тоа што се уште има голема бројка на новозаразени со Ковид-19.

„Во сите јавно-здравствени установи согласно распоредите и прераспределбата на пациенти има слободни болнички кревети и во Скопје на Интерните клиники и во ковид центарот во Заводот за рехаблитација во Козле, како и во другите градови. Се прави прераспределба на пациенти од другите градови ако треба. Во овој момент се преоптоварени болниците во Куманово и во Битола и тоа на дневна основа го менаџираме“, истакна Филипче.

Според него вакцинацијата во државата се одвива добро а доколку има потреба по 20 април повторно ќе се продолжат рестриктивните мерки.

„Во зависнот од индикаторите ако има потреба, дефинитивно да“, рече Филипче.

Додаде дека кога ќе стигне поголема количина на вакцини тогаш и ќе се вакцинира, затоа што не сака да го земе редот на некој што има поголем ризик.

„Сите вакцини се безбедни, проверени, каков ќе биде редот со таа вакцина ќе се вакцинирам“, изјави Филипче.

Можете да прочитате

Бујар Османи: Размислувам за кандидатура за Чаир

Најавен дожд и пад на температурите од 10 степени, еве кога се очекува

ЦУК: Пожарот кај Чучер надвор од контрола, нов пожар во Кучевиште во близина на куќи