Утрински Весник
Свет

По скандалот „софагејт“, Чарлс Мишел најави подобрен распоред на седење

По скандалот „софагејт“, Чарлс Мишел најави подобрен распоред на седење

Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, претстави план за подобрување на распоредот за седење и за еднакво право на говор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за време на меѓународните посети, во светло на инцидентот познат како „софагејт“.

За време на неговата прва средба со фон дер Лајен по инцидентот од минатата недела, на приемот кај турскиот претседател Таип Ердоган, Мишел повикал на заедничко разбирање во однос на билатералните самити на кои учествуваат двајцата претседатели, пренесува весникот „Политико“, кој имал увид во документот презентиран од Мишел.

Можете да прочитате

Рубио: Многу сме разочарани од НАТО

Американската армија на Блискиот Исток е во зголемена подготвеност

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево