52 годишно лице со двојно државјанство и без постојано живеалиште во Скопје го прекршило полицискиот час откако со автомобил се движело по булеварите низ главниот град.
Според надлежните, основното јавно обвинителство поднело обвинителен предлог против едно лице со двојно македонско и канадско државјанство заради кривично дело- непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниво по Кривичниот законик.
Обвинетиот 52-годишник без постојано живеалиште во Скопје, на 11 април, за време на важечки полициски час, со автомобил се движел на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“. Со ова тој постапил спротивно на мерките и протоколите за заштита на здравјето на населението од Ковид-19, велат од МВР.
За непочитување на полицискиот час, поведена е постапка и против двајца македонски државјани, кои исто така се гонат за кривично дело-непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниви по Кривичниот законик.
За секој од нив надлежниот јавен обвинител поднесе предлози за издавање казнен налог со кои од судот побара да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да ја определи на 20 евра во денарска противвредност, известуваат надлежните институции.