Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец баран со потерница за издржување затворска казна

Приведен скопјанец баран со потерница за издржување затворска казна

Полицијата синоќа уапсила 25-годишен скопјанец, баран со потерница за издржување казна затвор за тешка кражба.

„ На 13.04.2021 околу 19.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Аеродром и Драчево, врз основа на судска наредба, го привеле Н.Д.(25) од Скопје, кој се барал со потерница за издржување казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик“ соопшти МВР.

Лицето било предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ гласаше против повисоки плати за Армијата и пожарникарите

Сиљановска-Давкова на прием кај Ердоган пред Самитот на НАТО во Анкара

Жена пронајдена почината во домот во Аеродром