Утрински Весник
Свет

Експеримент во Грција, ќе има ли безбеден одмор во услови на Ковид

Експеримент во Грција, ќе има ли безбеден одмор во услови на Ковид

Скоро 200 холандски туристи го замениле карантинот во нивната земја за осумдневно доброволно затворање во грчко одморалиште.

Тоа е тест што треба да покаже дали можат да се организираат безбедни одмори за време на пандемијата од Ковид-19, пишуваат медиумите во регионот.

Учесниците на пробен одмор од 399 американски долари добиваат целосен пансион, вклучително и пристап до базен, ресторани и други објекти – но ништо друго.

Покрај редовните тестови за коронавирус и почитувањето на оддалеченоста од 1,5 метар, „туристите“ мора да бидат задоволни и со погледот кон Егејското Море од нивните простории или тераси, бидејќи никој не смее да го напушти одморалиштето каде што ќе бидат само гостите.

И покрај ограничувањата, побарувачката за патувања беше голема и се пријавија околу 25. 000 луѓе, информираат медиумите.

Грција, која е практично зависна од туризам, сака да ги привлече луѓето назад, по катастрофалната 2020 година, при што бројот на посетители падна на една четвртина во споредба со нивото од претходната година.

„Многу е важно луѓето да почнат да доаѓаат кај нас“, вели Константинос Тераслиас, заменик градоначалник на Родос, четвртиот по големина грчки остров.

Холандскиот оператор, кој го организираше ова патување поддржано од владата, се надева дека експериментот ќе покаже дека луѓето сè уште можат да уживаат во својот одмор, дури и под строги безбедносни мерки и да го отворат патот за повторно отворање на туризмот.

“Ова е многу важно за туристичката индустрија. Не мислам дека многу компании ќе преживеат уште едно лето без патувања”, рече извршниот директор на Санвеб, Матијас Тен Бринк. Сепак, тој посочи дека затворањето луѓе во одморалишта веројатно нема да биде долгорочно решение.

Во меѓувреме во Родос, локалното население неизвесно ги чека холандските туристи.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата