Утрински Весник
Свет

САД: Се бара прекин на имунизацијата со вакцината на „Џонсон и Џонсон“ поради случаи на згрутчување на крвта

САД: Се бара прекин на имунизацијата со вакцината на „Џонсон и Џонсон“ поради случаи на згрутчување на крвта

Американските Центри за контрола и превенција на болести и Американската администрацијата за храна и лекови на САД препорачуваат САД да ја паузираат употребата на вакцината против коронавирус на „Џонсон и Џонсон“ поради шест пријавени случаи на редок и тежок вид на крвно згрутчување.

Шест пријавени случаи биле меѓу повеќе од 6,8 милиони дози вакцини на „Џонсон и Џонсон“ применети во САД. Сите шест случаи се случиле меѓу жени на возраст од 18 и 48 години, а симптомите се појавиле 6-13 дена по вакцинирањето, се вели во заедничката изјава на д-р Ана Шухат, заменик генерален директор на ЦДЦ и д-р Питер Маркс, директор на Центарот за процена и истражување на биолошки лекови на ФДА.

„ЦДЦ во среда ќе свика состанок на Советодавниот комитет за имунизациски практики (АЦИП) за понатамошно разгледување на овие случаи и процена на нивното потенцијално значење“, се вели во соопштението. „ФДА ќе ја разгледа оваа анализа бидејќи ги испитува и овие случаи. Додека не заврши оваа постапка, препорачуваме прекин на употребата на оваа вакцина од претпазливост“.

Можете да прочитате

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија

Упадот на беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка, смета Трамп

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро осуден на 27 години затвор за обидот за државен удар