Утрински Весник
Свет

Српски виролог: Кинеската вакцина побавно создава имунитет, но е најотпорна на мутациите на коронавирусот

Српски виролог: Кинеската вакцина побавно создава имунитет, но е најотпорна на мутациите на коронавирусот

Миланко Шеклер, виролог и микробиолог од Ветеринарниот институт во Кралево, вели дека кинеската вакцина против коронавирус побавно создава имунитет, но дека според научниците од Кембриџ и Оксфорд, таа вакцина е најотпорна на мутации на вирусот.

Шеклер рече дека вакцините на кинескиот производител „Синофарм“ ги испитувале американски лаборатории и потсети на изјавата на еден од американските виролози од Универзитетот во Мериленд од минатата недела дека сите источни вакцини се безбедни и ефикасни и дека тоа се однесува на кинеските, индиските и на руската „спутник В“.

„Тоа е класична вакцина, експертите од Кембриџ и Оксфорд велат дека кинеската вакцина е најотпорна на мутации, бидејќи ја содржи целата честичка на вирусот“, изјави Шеклер за телевизијата К1.

Коментирајќи ја изјавата на раководителот на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, Гао Фу, дека поради ниската ефикасност на кинеските вакцини, се разгледува комбинацијата на вакцини против Ковид-19, Шеклер рече дека кинеската вакцина на „Синофарм“ побавно развива имунитет отколку западните „инстант“ вакцини кои се засноваат на еден антиген.

Тој додаде дека ефикасноста на вакцината на „Синофарм“ е до 86 проценти, околу 50 проценти за „Синовак“ и до 62 проценти за вакцината против сезонски грип.

 

Можете да прочитате

Иран дозволи 20 пакистански бродови да поминат низ Ормуската Теснина

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток