Утрински Весник
Свет

Априлскиот снег направи хаос во Хрватска, затворени патиштата до Далмација

Априлскиот снег направи хаос во Хрватска, затворени патиштата до Далмација

Хрватска повторно е зафатена од снежна бура, поради што беа затворени сите патишта за камиони со приколки и трактори од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно.

Како што јавуваат тамошните медиуми, поради орканот, сообраќајот на Јадранската магистрала беше затворен за сите возила, и тоа на потегот помеѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена.

За денес е најавен метеоролошки аларм за цела Хрватска, освен за истокот на земјата.

Жолт метеоролошки аларм е прогласен за поголем дел од земјата поради ветер, дожд, грмежи, а во централна Хрватска и на северот на земјата поради снег и мраз.

Издадено е портокалово предупредување за регионот на Риека и Кварнер, каде се очекува невреме со налети до 145 км на час.

Прогласено е највисоко, црвено ниво на предупредување за областа под Велебит каде се можни налети на бура до 150 км на час.

Ова е втор априлски снег кој создаде хаос во сообраќајот Хрватска.

Можете да прочитате

Парамаунт ја тужи управата на Ворнер Брос за да го блокира спојувањето со Нетфликс

Зеленски бара финализирање на документот за безбедносни гаранции од САД

Во Франција почна регрутацијата за новововедениот воен рок