Утрински Весник
Свет

Ново Мексико ја легализира рекреативната употреба на марихуана

Ново Мексико ја легализира рекреативната употреба на марихуана
Dik 300x250 mk

Ново Мексико ќе стане седмата американска сојузна држава што ја легализира марихуаната за рекреативна употреба.

Агенцијата АП пренесува дека гувернерката на Ново Мексико, Мишел Лујан Гришам, од редовите на демократите, ја поддржала реформата за марихуаната како начин за создавање нови работни места и стимулирање на приходите на државата.

Агенцијата потсетува дека гласачите од Ново Мексико гласале против жестоките противници на марихуаната на изборите за државниот Сенат во 2020 година, што го отворило патот за легализација на нејзината рекреативна употреба.

АП пренесува дека предлог-законот му дава на гувернерот можност за контрола на рекреативната употреба на марихуана преку назначен супервизор во државната администрација, а регулаторите можат да ја ограничат количината на марихуана која се одгледува за таа намена и да наплатат државна такса во изност од 50 долари годишно по растение.

Домашните одгледувачи на марихуана ќе имаат дозвола да одгледуваат до шест растенија по лице или 12 по домаќинство.

Агенцијата наведува дека некои од производителите на медицинска марихуана во земјата лобирале за контрола на пазарот, поради загриженост дека цените на марихуаната може нагло да паднат со легализацијата на истата за рекреативна употреба, што би ги загрозило нивните инвестиции и вработувањата.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот