Утрински Весник
Свет

Јапонија ги засилува анти-ковид мерките пред летните олимписки игри

Јапонија ги засилува анти-ковид мерките пред летните олимписки игри
Dik 300x250 mk

Во Токио од денес се на сила поостри анти-ковид мерки, бидејќи во пресрет на Летните олимписки игри, низ градот се шири позаразен вид на корнавирусот, а помалку од еден процент од граѓаните се вакцинирани во целата земја.

Јапонските власти наредија прво да се вакцинира медицинскиот персонал, но денес вакцинацијата е проширена и на повозрасните граѓани и се одвива на 120 точки низ целата земја, објавија агенциите.

Заострувањето на мерките во главниот град на Јапонија, кое ќе биде на сила до 11 мај, му даде на гувернерот на Токио одврзани раце да нареди скратување на работното време за ресторани и барови и да ги казни прекршителите.

Покрај главниот град, мерките се засилени и во Кјото, во западна Јапонија и на островот Окинава на југ, каде што е забележано зголемување на бројот на пациенти од Ковид-19 во последните неколку недели.

Градоначалникот на Токио, Зурико Коике, апелираше до граѓаните да не одат на пат, освен во случај на итни, суштински обврски и да се придржуваат до мерките за социјално дистанцирање.

Можете да прочитате

Голем скандал во австралиската војска: илјадници жени биле жртви на сексуална злоупотреба

Москва одговори на тврдењата на Литванија дека руски авиони влегле во нејзиниот воздушен простор

Индија со вештачки дожд ќе се обиде да го реши загадувањето на воздухот