Утрински Весник
Македонија

Трајче Заев: Комбето со марихуана не е во сопственост на фирма на Заеви и ниеден од уапсените не е вработен во фирма на Заеви

D437b522 7b2b 446c 864d Bf5b04b1990f
По обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев. Тој вели дека е на службено патување во Обединетите Арапски Емирати, а дека комбето со марихуана кое го заплени МВР не е во сопственост на фирма на Заеви и ниту еден од уапсените не е вработен во фирма на Заеви
-Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви. За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија вмро дпмне сакам да го објавам следното:
Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви.
Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви.
Јас сум на службено патување од 23ти Март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка, напиша Трајче Заев на Фејсбук.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР