Утрински Весник
Македонија

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Во скопските ковид-центри хоспитализирани уште 48 лица, деновиве почнува прием и на Клиниката за уво, нос и грло

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.699 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 65 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 703 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 5 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови болни и 13 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 12 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 141 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 148 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 52 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови во Скопје, е стабилен и утрово имало 68 слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 85 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 97 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 127 во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 97 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 34, Кавадарци 64, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Можете да прочитате

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ