Бразилецот Роналдо често се враќал во минатото гледајќи снимки од своите натпревари.
Роналдо, имаше блескава кариера во ПСВ; Барселона, Интер и Реал Мадрид. Со Бразил во 2002 година ја освои светската титула.
„Речиси секоја недела гледам некој натпревар од минатото. Имам и омилено .. Некој направил компилација од моите 256 дриблинзи, кога топката оди меѓу нозете на противниците. Не можев да поверувам дека толку многу такви дриблинзи сум имал. Обожувам да го гледам тоа .“, рекол Роналдо.
Станува збор за компилација која трае шест минути и кое е гледано само 12.000 пати. Прашање е колку Роналдо го гледал споменатото ..
> „Редовно гледам снимки од моите дриблинзи“ <