Утрински Весник
Свет

„Ковакс“ ќе испорача третина од милијарда вакцини до средината на годинава

„Ковакс“ ќе испорача третина од милијарда вакцини до средината на годинава
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Меѓународната програма за споделување вакцини „Ковакс“ планира да испорача низ сиромашните земји од светот една третина од милијарда дози вакцини против Ковид-19 до средината на годината.

Директорот на ГАВИ, Сет Беркли, истакна дека програмата испорачала речиси 38,4 милиони дози вакцини во 102 држави на шест континенти, шест недели откако почна да издава залихи.

Во Македонија, преку Ковакс механизмот досега пристигнаа 24.000 дози вакцини од производителот „Астра Зенека“. Според предвиденото, вкупно 100.800 дози од оваа вакцина би требало да проистигнат во земјава. Во моментот, со „Астра зенека“ се вакцинираат лицата постари од 60 години.

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми