Припадници на МВР денеска кај планинсклиот премин Плетвар пресекоа организиран транзит на дрога вредна 800 илјади евра. Во организацијата на транспортот на дрогата постои сомнеж дека е вмешан висок полициски службеник, Кире Спиркоски, со чин командир во полициска станица.
Според информациите од МВР, станува збор за поголема група на лица кои се уапсени но поради истрагата се уште не се откриваат детали ниту бројки. Кај уапсените е пронајдено и оружје.
Според информации од истрагата оваа нарко-дилерска група и транзитот овозможен со командирот на прилепската полиција, немаат врска со трговците со кокаин од Грчец, кои беа апсени минатата недела.
Акцијата МВР ја спроведе со помош на Американската агенција за борба против дрога, ДЕА.
МВР за утре најавува информација за резултатите од акцијата.