Утрински Весник
Свет

(Видео) Експлозија во фабрика за бои во САД, загина еден работник

(Видео) Експлозија во ресторан во Јапонија, има загинати и повредени

Во експлозија и пожар во фабрика за бои во Колумбос, главниот град на американската држава Охајо, денеска загина едно лице, додека осум лица се повредени, пренесе АП.

Некои од повредените успеале сами да излезат од фабриката „Хенкин-Маџестик пеинтс“ во Колумбос, соопштија локалните власти, додека на другите преживеани им била потребна помош и тие биле пренесени во болница.

Сите, вклучително и две лица кои се во критична состојба, се стабилни до попладнево, додаде АП.

Вработениот кој починал е пронајден меѓу урнатините на зградата, по гасењето на пожарот, рече началникот на противпожарниот баталјон, Стив Мартин, а жртвата е Вендел Лајт (44), супервизор од прес-салата.

Компанијата работи со пожарникари и истражители за да ги утврдат причините за експлозијата и пожарот, изјави извршниот директор на компанијата, Ендрју Смит.

 

Можете да прочитате

Дугин: Почна трета светска војна, следна е Русија

Илјадници луѓе на масовниот погреб на девојчињата убиени во американско-израелскиот напад врз Иран

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран