Утрински Весник
Свет

Четворица сириски војници повредени во напад на Дамаск

Четворица сириски војници повредени во напад на Дамаск

Блесоци и експлозии го распараа ноќното небо над сирискиот главен град Дамаск, но воздушната одбрана пресретна мнозинство од ракетите, јави сириската новинска агенција САНА, нарекувајќи го нападот „израелска агресија“.

Четири сириски војници се повредени во нападот, кој исто така предизвика материјални загуби, јави САНА. Ракетите наводно влегле од правец на Либан, како и од Голанската Висорамнина, територија окупирана од Израел од 1973 година.

Имало извештаи за огромна експлозија западно од Дамаск околу 1 часот по полноќ по локално време во четвртокот.

Израел рутински изведува воздушни напади во Сирија, велејќи дека тие се насочени кон иранските средства. Техеран го поддржува Дамаск во војната против терористите на Исламска држава, како и исламистичките милитанти поддржани од Турција и од Западот, кои почнаа востание против владата на претседателот Башар ал Асад во март 2011 година.

Нападот утринава беше прв од 16 март и деветти од јануари, посочува „Џерусалим пост“. Израел официјално не го коментираше нападот.

Можете да прочитате

Зеленски ги повика странските претставници да не присуствуваат на парадата на 9 мај во Москва

САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормуската Теснина

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини