Утрински Весник
Свет

Паника во Нов Зеланд поради еден случај на зараза со коронавирус

Паника во Нов Зеланд поради еден случај на зараза со коронавирус

Чуварот на еден хотел карантин во Нов Зеланд бил позитивен на тестот за коронавирус, но засега нема докази дека заразата се шири понатаму.

АП пренесува дека здравствените власти објавиле дека лицето живее само и дека имало контакт со друг колега, и дека обајцата сега се во изолација.

Високиот здравствен службеник Ешли Блумфилд изјави дека 24-годишниот чувар не е вакциниран и дека ќе биде повторно тестиран со цел подобро да се утврди природата на неговата зараза, наведува агенцијата.

Нов Зеланд успеа да го запре ширењето на вирусот, така што појавата на некој што не е во карантин со позитивен тест претставува значителна загриженост, а во програмата за имунизација, властите им даваат приоритет на граничарите.

Нов Зеланд, кој има пет милиони жители, досега има пријавено вкупно околу 2.500 случаи на зараза и 26 смртни случаи од последиците на Ковид-19 за време на пандемијата.

Можете да прочитате

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж

САД воведоа нови санкции врз Иран и Хезболах

Ужас во Германија: Ги нападнал со секира патниците во воз