Утрински Весник
Свет

Австрија: Зголемен бројот на лажни ПЦР-тестови од Балканот, се вршат строги контроли

Австриски Тирол стана едно од најголемите жаришта на јужноафриканскиот сој во Европа

Австриските власти вршат строги контроли на влезот во земјата и сè повеќе се соочуваат со фалсификувани негативни ПЦР или антигенски тестови, кои се потребни за патување во Австрија.

Веќе со месеци е воспоставен построг режим за влез во Австрија и само австриски државјанин или некој со дозвола за престој може да влезе во земјата, со неколку исклучоци.

Сепак, кој сака да влезе мора да има негативен корона-тест, што мора да го покаже на границата, и мора да се регистрира однапред преку интернет, по што мора да биде во десетдневен карантин.

За многу патници, негативниот тест за корона е очигледно проблем, бидејќи сè почесто полицијата наидува на лажни тестови. Во моментот, како што пренесува весникот „Хојте“, бил забележан „бум“, пред сè на лажни тестови од Србија и Босна и Херцеговина.

На Балканот лажен тест може да се добие по цена до 40 евра и тоа  дигитално или отпечатен на хартија, тврди весникот. Затоа полицијата, особено во покраината Корушка, детаљно ги проверува тестовите на патниците кои влегуваат од Словенија.

Припадник на полицијата за австриската телевизија „АТВ“ изјави дека тие биле специјално обучени да откриваат фалсификувани тестови.

Тој вели дека наишле и на тестови каде што датумот бил променет или документот бил целосно лажен. Кога властите ќе откријат лажен тест, тогаш на лицето кое го направило достапно му се заканува строга казна.

Против него се поднесува пријава, бидејќи станува збор за прекршок фалсификување документи, за што е предвидена казна затвор до една година.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата