Утрински Весник
Магазин

Пирс Морган тврди дека членови на кралското семејство му се заблагодариле по критиките кон Меган

Пирс Морган тврди дека членови на кралското семејство му се заблагодариле по критиките кон Меган

Пирс Морган тврди дека неколку членови на кралското семејство му испратиле пораки на благодарност по неговата критика кон Меган, војвотката од Сасекс.

56-годишниот водител беше критички настроен кон војвотката по интервјуто за Опра Винфри минатиот месец, па дури и поднесе оставка како водител на „Добро утро, Британија“ откако одби да се извини за коментарот што предизвика бројни поплаки на гледачите. Во утринската емисија, што се емитуваше еден ден по интимната исповед на Меган, тој рече дека не ѝ верувал ниту збор од она што кажала.

По неговите јавни критики, Пирс сега тврди дека му биле „соопштени пораки во име на други членови на кралското семејство“, за кои рече дека му се благодарни што ги бранел.

Обраќајќи му се на Били Буш од Extra , тој рече: “Имав неколку пораки што ми беа соопштени во име на неколку членови на кралското семејство. Нема да навлегувам во тоа кои се … но беа благодарни што некој застана во нивна одбрана.“

Изјавата на Пирс доаѓаат само еден ден откако тој повторно се насочи против Меган (39) во интервју за Такер Карлсон од „ФОКС њуз“.

Пирс ја нарече заблудена и ја обвини дека заработува милиони долари од кралското семејство додека плука по нив.

„Не станува збор навистина за Меган Маркл – таа е заблудeна војвотка која сака да заработи милиони додека го клевети кралското семејството. Всушност, станува збор за слобода на говор,“ рече тој.

„Тоа што ми се случи мене се случува низ цела Британија и Америка – јас можам да поднесам, но има многу луѓе кои ја немаат нашата платформа, кои се збришани…толку многу  уништени животи, завршени кариери за смешни работи.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста