Утрински Весник
Македонија

Двајца обвинети за тепачката во „Трибека“

Двајца обвинети за тепачката во „Трибека“

Скопското обвинителство поднесе Обвинителен акт против две лица за насилство, а во врска со тепачката што се случи на 20 февруари во скопскиот локал „Трибека“.

Од Обвинителството велат дека двајцата малтретирале, грубо навредиле и им ја загрозиле сигурноста на двајца оштетени, а кај останатите гости во локалот предизвикале чувство на вознемиреност, загрозување и страв.

„Меѓу оштетените и обвинетите настанала вербална расправија, а двајцата обвинети на возраст од 19 и 27 години ги нападнале оштетените со тупаници, нанесувајќи им телесни повреди. Едниот обвинет, дополнително револтиран од телефонски разговор кој во тој момент го водела една гостинка во објектот – сведок на настанот, продолжил и неа грубо да ја навредува и агресивно да се однесува, кршејќи го инвентарот во локалот и мобилниот телефон на гостинката“,  велат од Обвинителството.

Поради опасност од бегство, можност обвинетиот и натаму да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои упатуваат на можност да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог со кој побара продолжување на мерката куќен притвор за првиот обвинет. За вториот обвинет, пак, од истите причини, побарано е продолжување на претходно определената мерка притвор​.

Можете да прочитате

Топлиот бран во Македонија продолжува се до крајот на оваа недела!

Со поддршка на Агенцијата за филм во моментов се снимаат три македонски долгометржани филмови

Костовски се заблагодари за кандидатурата: Одимe на победа, Куманово може подобро!